...нема здравје иако секое утро редовно го пиеме своето зелено смути со авокадо, кога производството на истото авокадо предизвикува масовна сеча на шумите во Мексико. И покрај тоа што трендот диктира дека киноата е супер храна на иднината, неминовен е фактот дека токму поради овој тренд настана ерозија и опустушување на почвите во Боливија, оставајќи ги локалните жители без доволно количество храна.
Веројатно веќе сте запознаени со нашиот славен модел на неделна органска кошничка. Четврток е денот кој го посветуваме исклучиво на членовите на задругата кои секоја недела подигнуваат органска кошничка составена од свежи и сезонски производи. Ова е само еден вид на имплементација на моделот наречен CSA (Community Supported Agriculture) или земјоделство поддржано од заедницата.
Една од нашите клучни вредности е токму суверенитетот на храната, под кој се подразбира систем на прехрана во кој луѓето кои ја произведуваат, дистрибуираат и конзумираат храната, ги контролираат и механизмите и политиките на нејзиното производство и дистрибуција, наместо големите корпорации кои воспоставуваат монопол врз светскиот систем на прехрана.