Маја Марковска
“Моето име е Маја и работам во невладиниот сектор во областа на животната средина: сакам да направам нешто како поединец за да го подобрам животот на граѓаните и да го намалам својот придонес кон загадувањето.
Член во Добра Земја, консумент на органска храна и неупотребувам пластика а ги поддржувам оргнските производители. Бидејќи живеам во рурална средина во Скопје на своја иницијатива, членството ме мотивира барем еднаш неделно да дојдам во градот. Многу е добро што кошничката дава насоки што и како можеш да користиш во текот на неделата и секогаш јадеме локално и сезонско.
Од одржливи навики би одвоила реупотреба, не користам пластична амбалажа.
Се грижиме за енергетска ефикасност во домот со сопствено производство на топла вода со обновливи извори на енергија, како и со монтирање на свој систем за производство на електрична енергија.
Како член во Добра земја и консумент на органска храна и неупотребувам пластика и животна желба ми е да нема повеќе пакувани портокали и банани во пластична кутија!“