Потекло: Штипско.
Еколошки производ одобрен од Добра Земја.
Read more
„Како знам дека јајцата се навистина еколошки?“ е едно о...
Потекло: Штипско.
Еколошки производ одобрен од Добра Земја.
„Како знам дека јајцата се навистина еколошки?“ е едно од најчесто поставуваните прашања, бидејќи јајцата се едни од најбараните производи.
Во Македонија засега не постојат органски сертифицирани јајца. Во овие случаи, секогаш се трудиме да го најдеме најдобриот можен производ кој нема сертификат, но ги исполнува истите услови. Тие производи спаѓаат под категоријата „Производ одобрен од Добра земја“, што значи дека производителот е лично посетен и проверен од нас самите
Јајцата ни доаѓаат од Штипско.
Кокошките се чуваат во хумани услови, слободно се пуштени да се движат (наместо во грозоморни кафези). Производителот поседува сертификат за органски мешунки и житарки (како грав, боранија, грашок, наут, јачмен, пченица, пченка), со кои се хранат самите кокошки. На тој начин, и нивните јајца се еколошки .
Поради ниските температури, приносот во зима е секогаш послаб и затоа не може да се очекува мегапроизводство. Во тој случај, секогаш предност имаат членовите на задругата.