Често поставувани прашања

ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ

 

  • Што е органски производ?

Органскиот производ е повеќе од непрскан производ. За производот да се нарече органски, мора да ги задоволи стандардите за органско производство. Тие подразбираат храна одгледана без синтетички пестициди, инсектициди и хербициди кои ја загадуваат почвата и водите и му наштетуваат на живиот свет, како и без создавање на вештачки услови за созревање на храната (хемиско созревање). Производството на органска храна мора да биде одржливо, без загадување и експлоатација на природните ресурси и во насока на заштита на биодиверзитетот. Органските фарми трошат помалку ресурси и создаваат помалку отпад. За локалните закони и правилници за органско производство може да прочитате овде.

 

  • Како знам дека производите се навистина органски?

    Сите производи кои се означени како органски доаѓаат од производители кои ги задоволиле сите критериуми и се стекнале со сертификат за органско производство. На секој производ е наведен бројот на сертификат на производителот, кој се обновува еднаш годишно при овластените сертификациски тела (Процерт и Балкан Биосерт).

Што значи ознаката „Производ одобрен од Добра Земја“?

Некои производи не поседуваат сертификат, но ги исполнуваат условите за хемиско нетретирано производство. Тие обично доаѓаат од мали производители кои не се во можност да ги покријат сите трошоци поврзани со процесот на сертификација. Откако лично ќе ги посетиме производителите за да се увериме во процесот на нивното одгледување и ќе направиме лабораториски тестови на производот, тој се стекнува со ознака „Производ одобрен од Добра Земја“ и се смета за еколошки производ.

 

  • Кога добивате свежи производи?

Дотур на свежи производи добиваме два пати неделно, во договор со производителот. Во моментот на подготовка на нарачката секогаш ги вклучуваме најсвежите достапни производи.

 

  • Зошто имате само локални производи?

Сметаме дека само локалната и одговорно произведената храна може да биде одржлива и здрава. Колку е пократко времето поминато од берба до пласман, толку повеќе производот има можност во потполност да ги зачува своите хранливи продукти. Производот кој поминал илјадници километри пат не може да е здрав, напротив, тој треба да е повеќе пати хемиски третиран за да издржи до својата крајна дестинација. Таквиот систем на прехрана не е одржлив – троши неповратни ресурси (вода, богатство на почва, човечки труд) и загадува со транспорт. Затоа сме силни поборници за идејата на локално, сезонско и одржливо производство кое го поддржува развојот на локалната заедница и го штити локалниот биодиверзитет.

 

  • Што значи одржливо производство?

    Одржливо производство или производство во реципроцитет со природата може да се нарече она кое не ги експлоатира природните ресурси, туку минимално и одговорно ги користи и заштитува. Истото не ја загадува животната средина и е безбедно за производителот, заедницата и купувачот. Накратко: Одржливоста е задоволување на потребите на денешницата без компромитирање на можноста идните генерации да ги задоволат своите потреби!

 

  • Дали ако е ГМО семето, а не се прска и се одгледува на чиста почва се води како органско?

    Не. Во органското производство е забрането користење на генетски модифициран семенски материјал. Овој процес е надгледуван и контролиран од страна на овластените сертификациски тела.

 

НАРАЧУВАЊЕ И ДОСТАВА

  • Како да направам нарачка?
    Пишете ни на Viber или Whatsapp доколку сте заинтересирани за било кој тип на членство. Ќе ве вметнеме во групата на достави каде го споделуваме составот на кошничките и производите на неделно ниво.

 

  • Дали можам да додадам производ кон веќе затворената нарачка?

Доколку се затворени листите за нарачки, нема да можете да направите дополнителна нарачка.

 

  • Како можам да ja платам нарачката?

Нарачките се плаќаат при самата достава

  • Што значи членска цена?

    Со приклучување кон нашиот модел на членство и подигнување неделна органска кошничка, добивате пристап до 30% пониски цени. Повеќе за членството и типовите на кошнички прочитајте тука.

 

  • Колку чини доставата на производи?

    Доставата на производи чини 150 денари за достава до адреса, 200 денари за достава до врата и 250 денари за достава до врата во зграда без лифт (правиме исклучок за приземје и 1ви кат, во кој случај доставата чини 200 денари).  

 

  • Каде се врши достава на нарачките?

    Нарачката и доставата на производи во моментот се достапни само во подрачјето на град Скопје. Доставуваме до следните населби: Центар,Карпош (1,2,3 и 4), Тафталиџе, Козле, Жданец, Влае, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Железара, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Водно, Црниче и Пржино.
    Не постои опција за достава до други градови.

  • Кога ќе ми биде доставена нарачката?

    Деновите за  доставување на нарачките се среда и четврток од 12:00 до 20:00 часот.  Во зависност од Вашата локација, во текот на денот ќе добиете повик од доставувачот со известување за точното време на пристигнување на Вашата локација. Времето може да биде променето во договор со доставувачот.

  • При плаќање на достава при испорака (во готово), а  не сте телефонски достапни на денот на доставата, имате можност во следните 30 минути (од пропуштениот повик од доставувачот) да го контактирате, со цел да Ви ја достави нарачката додека е во близина,
  • Што ако доставата доцни?

    За секое доцнење поради непредвидени причини, ќе бидете директно исконтактирани од страна на доставувачот телефонски.

  • Што ако нарачаниот производ го нема на залиха?

    Можно е некој производ кој веќе сте го нарачале да не биде достапен во моментот на подготвување на Вашата нарачка. Во тој случај, нашиот тим телефонски ќе Ве исконтактира за замена на производот со друг во иста вредност.

 

  • Како да вратам дел или цела нарачка?

    Доколку не сте задоволни од дел или целата нарачка, може да го пополните следното Барање за поврат. Согласно правната регулатива и политиката на НАША ДОБРА ЗЕМЈА, клиентот има право да ги врати купените производи во рок од 1 ден. Производите мора да бидат во неупотребувана и неотпакувана состојба, додека за свежите прехранбени производи доставени без недостаток не важи правото за враќање. Прочитајте повеќе во делот Правила и услови.

 

  • Имам пофалба, поплака, забелешка или прашање. Каде да се обратам?

    Тоа може да го сторите на info@dobrazemja.mk или преку контакт формата на следниов линк : https://dobrazemja.mk/kontakt/

Back to Top
Подесување на приватноста

Оваа страна користи веб колачиња "Cookies" со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство. Со користењето на нашиот веб сајт вие се согласувате со користењето на „Cookies“.

Added to cart