Запознајте го тимот

Home / Запознајте го тимот

Ивона Бару
Архитект на иднината

Дипломиран архитект по професија, но еко активист по пасија. Голем љубител на животни (кои често и ги спасува), одгледувач на зеленила во саксии на тераса од 2.5 м2, минималист и перфекционист, поддржувач на се што значи одржлив начин на живот, особено делот на изградба на одржливи еко заедници од природни материјали.

Аматерски готвач и уживач во добра и здрава храна. Ако може да избере, го бира велосипедот пред автомобилот како еколошко урбано превозно средство. Како ко-основач на Добра Земја, горда е на сите кои придонесоа на било каков начин Добра Земја да биде тоа што е денес, а со тоа заедно иницираа промени во општеството што значат пријателство со природата за гржлив и одржлив развој.

Сонува да има своја градина надвор од урбаната џунгла каде ќе живее во согласност со природата, без да узурпира и доминира и верува дека добрите практики денес можат направат промени за подобро утре.

Иво Бару
Гуру за членови

Посветен татко на малиот Алекс… некогаш забавен, некогаш отсутен, смирен и нервозен, некогаш генијален и почесто глуп… но, никогаш досаден. Mожеби најдобриот татко во регионот.

Наградуван филмски режисер, својата реализација ја наоѓа во активизмот. Основач е на независни граѓански иницијативи: Задруга Артикултура, АКСЦ, Дебатно кино Контра Кадар, ЛД Солидарност, Социјален центар Дуња, Движење АМАН, Маршот за Мир, Добра Земја кога беше андерграунд итн.

Верува дека подобар свет е возможен, само што треба да направиме конкретни чекори за да го креираме. Таков чекор се задругите.

Ана Тодоровска
Медиа алхемичар

Дипломиран психолог и визуелен артист, докажан мултитаскер и буквар за вегетаријански рецепти.

Маратонец во студентски активизам, списанија, статии, учесник во радио и ТВ емисии, ко-основач на културните иницијативи Отворен куфер, АКСЦ, Коприва Колектив.

Планетата Земја ја сфаќа како единствен, жив организам од кој сме дел. Страсен кампер и патувач. Најголем кошмар ѝ е пластиката, особено таа за една употреба. Во слободно време организира групи и настани за размена со антиконзумеристички карактер.

Верува дека патот кон подобар свет е еволуција на свеста. Потајно сонува за анархистичка револуција.

Бобан Ристоски
Џедај за квалитет

Боби е енергија во постојано движење. Фанатик за велосипед како превозно средство, велосипедски трки, планински велосипедизам… па, за сé што е поврзано со велодипед.

Секој производ, пред да се најде во вашата платнена торба или членска кошничка, минува под неговото будно око.

Љубител на природата и планинските врвови. Посветен поборник за еколошко и органско производство за што сведочи неговата сопствена градина која секој викенд ја посетува во Тетовскиот регион.

Верува дека подобар свет е можен со труд и личен пример.

Билјана Трајковска
Капетан за кошнички

Грижлива мајка, вистински тимски играч и гласен бранител на обесправените. Билјана е поддржувач на сите иницијативи во чие јадро е стремежот кон чиста животна средина.

Главен и одговорен уредник за изгледот на нашата продавница, беспрекорната услуга и уредните членски кошнички. Вистински вљубеник во природата и одржливите практики, отсликано во нејзината домашна градина, каде одгледува еколошки градинарски култури за сопствена употреба.

Верува дека со соработка и солидарност денес може да изградиме подобро утре.

Томислав Трајков
Нинџа за производство

Дипломиран географ по професија и вистински вљубеник во природата по вокација. Докажан извидник и планинар, кој својата пасија и љубов кон природата ја насочува кон градење и управување на фамилијарна органска фарма во близина на Свети Николе.

На “Фармата на Дедо Ангел“ активно е посветен кон учење на тајните на пчеларството, овоштарството, производство на био хумус од калифорниски црви и градинарството. Знаењето и искуствата стекнати на својата фарма несебично ги става во функција на подигнување на свесноста за органско одржливо производство на храна.

Верува дека индивидуалната и колективна трансформација од ЕГО (=мислам само за себе и својот успех без разлика на последиците кон заедницата) кон ЕКО (=мислам за себе и личниот успех во баланс со одржливиот развој на заедницата и грижа за идните генерации) може да го направи светот подобро место за живеење.

Back to Top
Shopping Cart
Close

No products in the basket.

Подесување на приватноста

Оваа страна користи веб колачиња "Cookies" со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство. Со користењето на нашиот веб сајт вие се согласувате со користењето на „Cookies“.