ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ

  • Што е органски производ?

Органскиот производ е повеќе од непрскан производ. За производот да се нарече органски, мора да ги задоволи стандардите за органско производство. Тие подразбираат храна одгледана без синтетички пестициди, инсектициди и хербициди кои ја загадуваат почвата и водите и му наштетуваат на живиот свет, како и без создавање на вештачки услови за созревање на храната (хемиско созревање). Производството на органска храна мора да биде одржливо, без загадување и експлоатација на природните ресурси и во насока на заштита на биодиверзитетот. Органските фарми трошат помалку ресурси и создаваат помалку отпад. За локалните закони и правилници за органско производство може да прочитате овде.

  • Како знам дека производите се навистина органски?

    Сите производи кои се означени како органски доаѓаат од производители кои ги задоволиле сите критериуми и се стекнале со сертификат за органско производство. На секој производ е наведен бројот на сертификат на производителот, кој се обновува еднаш годишно при овластените сертификациски тела (Процерт и Балкан Биосерт).

Што значи ознаката „Производ одобрен од Добра Земја“?

Некои производи не поседуваат сертификат, но ги исполнуваат условите за хемиско нетретирано производство. Тие обично доаѓаат од мали производители кои не се во можност да ги покријат сите трошоци поврзани со процесот на сертификација. Откако лично ќе ги посетиме производителите за да се увериме во процесот на нивното одгледување и ќе направиме лабораториски тестови на производот, тој се стекнува со ознака „Производ одобрен од Добра Земја“ и се смета за еколошки производ.

  • Кога добивате свежи производи?

Дотур на свежи производи добиваме два пати неделно, во договор со производителот. Во моментот на подготовка на нарачката секогаш ги вклучуваме најсвежите достапни производи.

  • Зошто имате само локални производи?

Сметаме дека само локалната и одговорно произведената храна може да биде одржлива и здрава. Колку е пократко времето поминато од берба до пласман, толку повеќе производот има можност во потполност да ги зачува своите хранливи продукти. Производот кој поминал илјадници километри пат не може да е здрав, напротив, тој треба да е повеќе пати хемиски третиран за да издржи до својата крајна дестинација. Таквиот систем на прехрана не е одржлив – троши неповратни ресурси (вода, богатство на почва, човечки труд) и загадува со транспорт. Затоа сме силни поборници за идејата на локално, сезонско и одржливо производство кое го поддржува развојот на локалната заедница и го штити локалниот биодиверзитет.

  • Што значи одржливо производство?

    Одржливо производство или производство во реципроцитет со природата може да се нарече она кое не ги експлоатира природните ресурси, туку минимално и одговорно ги користи и заштитува. Истото не ја загадува животната средина и е безбедно за производителот, заедницата и купувачот. Накратко: Одржливоста е задоволување на потребите на денешницата без компромитирање на можноста идните генерации да ги задоволат своите потреби!

  • Дали ако е ГМО семето, а не се прска и се одгледува на чиста почва се води како органско?

    Не. Во органското производство е забрането користење на генетски модифициран семенски материјал. Овој процес е надгледуван и контролиран од страна на овластените сертификациски тела.

НАРАЧУВАЊЕ И ДОСТАВА

  • Како да направам нарачка?

  1. Во горниот дел на почетната страна го одбирате полето Продавница, каде може да ги прегледате сите видови производи од левата страна, под полето Категории.
  2. Одбирате производ, ја внесувате количината која сакате да ја нарачате со помош на полињата означени со + и -, а потоа го одбирате полето „Додај во кошничка“.
  3. Кога ќе ја комплетирате нарачката, со избирање на иконата за кошничка во горниот десен агол може да ја прегледате нарачката и целосната сума со селектирање на полето „Погледни кошничка“.
  4. Со одбирање на полето „Продолжи за плаќање“ стигнувате до формулар во кој треба да ги внесете вашите податоци и адреса на достава. Селектирајте го полето „Ги прочитав и се сложувам со Правила и услови“ за да продолжите кон делот „Плаќање“.
  5. По одбирање на полето „Плаќање“, ги внесувате податоците на вашата картичка и ја потврдувате нарачката со одбирање на полето „Плати“, по што таа ќе биде наплатена и регистрирана во нашиот систем.
  6. Враќање на резервирани средства: доколку нарачката е откажана поради некаква причина, средствата се враќаат на вашата картичка во рок од еден до три работни дена, зависно од банката издавач на вашата картичка.
  • Дали можам да додадам производ кон веќе затворената нарачка?

По потврдување и плаќање на нарачката, не постои можност за менување на истата. Доколку сакате да додадете производ, ќе мора да направите нова нарачка.

  • Како можам да ja платам нарачката?

Сите нарачки направени на shop.dobrazemja.mk може да се платат со платежните картички наведени на дното на веб страната. Не постои можност за плаќање во готово.

  • Што значи членска цена?

    Со приклучување кон нашиот модел на членство и подигнување неделна органска кошничка, добивате пристап до 30% пониски цени. Повеќе за членството и типовите на кошнички прочитајте тука.

  • Колку чини доставата на производи?

    Доставата на производи чини 100 денари. Доставата за нарачки над 800 денари е бесплатна.

  • Каде се врши достава на нарачките?

    Нарачката и доставата на производи преку продавницата dobrazemja.mk во моментот се достапни само во подрачјето на град Скопје, до влезот на станбениот објект. Доставуваме до следните населби: Центар,
    Карпош (1,2,3 и 4), Тафталиџе, Козле, Жданец, Влае, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Железара, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Водно, Црниче и Пржино.

    Имаме опција за достава до други градови преку карго сервис, со претходно направена нарачка по телефон 071 86 30 89, каде ќе добиете информација за вкупните трошоци. Ве замолуваме да имате предвид дека работиме со ограничени логистички капацитети и не сме во можност да ја покриеме територијата на цела држава.

  • Кога ќе ми биде доставена нарачката?

    Периодите за доставување на нарачките се понеделни, вторник, среда и петок меѓу 17.00 и 20.00 часот. За да ги добиете производите истиот ден, нарачката треба да биде направена до 14ч. Во зависност од Вашата локација, во текот на денот ќе добиете СМС порака со известување за точното време на пристигнување на Вашата локација. Времето може да биде променето во договор со доставувачот. Во случај да не сте достапни по пристигнување на доставувачот на наведената локација за достава, Ве очекуваме самостојно да ја подигнете нарачката од нашата проданица. Притоа, средствата за достава се неповратни.

  • Што ако доставата доцни?

    За секое доцнење поради непредвидени причини, ќе бидете директно исконтактирани од страна на доставувачот телефонски. Доколку доцнењето не е најавено, може да се обратите на наведениот телефонски број за контакт за повеќе информации за статусот на Вашата нарачка.

  • Што ако нарачаниот производ го нема на залиха или недостасува во доставата?

    Можно е некој производ кој веќе сте го нарачале да не биде достапен во моментот на подготвување на Вашата нарачка. Во тој случај, нашиот тим телефонски ќе Ве исконтактира за замена на производот со друг во иста вредност, или сумата за недостапниот производ ќе Ви биде вратена. Доколку некој производ недостасува во доставената нарачка, сумата за истиот ќе Ви биде надоместена.

  • Како да вратам дел или цела нарачка?

    Доколку не сте задоволни од дел или целата нарачка, може да го пополните следното Барање за поврат. Согласно правната регулатива и политиката на НАША ДОБРА ЗЕМЈА, клиентот има право да ги врати купените производи во рок од 15 дена или до датумот до кога производот може да се употребува (до означениот рок на траење). Производите мора да бидат во неупотребувана и неотпакувана состојба, додека за свежите прехранбени производи доставени без недостаток не важи правото за враќање. Прочитајте повеќе во делот Правила и услови.

  • Имам пофалба, поплака, забелешка или прашање. Каде да се обратам?

    Тоа може да го сторите на info@dobrazemja.org или на 076 250 311 во работно време од 10 до 17 часот.

Back to Top
Кошница
Затвори

Немате ставено производи

Подесување на приватноста

Оваа страна користи веб колачиња "Cookies" со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство. Со користењето на нашиот веб сајт вие се согласувате со користењето на „Cookies“.