ЗА НАС
Ние сме првата задруга на потрошувачи во Македонија. Нашата работа е насочена кон воспоставување алтернатива на постојниот систем на производство, дистрибуција и консумација на локална храна.

Се залагаме за:

01

Органска храна

Органска и хемиски нетретирана храна произведена на одржлив начин и во реципрочен однос со природните ресурси наместо нивна експлоатација.

02

Суверенитет на прехраната

Нудиме пристап до проверена, локално произведена храна и на таков начин го намалуваме својот еколошки отисок.

03

Заштита на животната средина

Користиме јавен наместо приватен транспорт за набавка на производи, минималната амбалажа ја реупотребуваме и не користиме пластични кеси.

04

Заемна помош

Нудиме сигурен откуп и поддршка на малите производители, а од друга страна обезбедуваме сигурен пристап до безбедна храна и пониски цени за наште членови.

05

Задругарство

Нашата активност не е директно насочена кон профит како цел сам по себе, туку кон вложување и грижа за заедницата и унапредување на меѓучовечките односи.

06

Соработка

Веруваме дека подобро општество се гради со здружување, наместо со конкуренција и натпревар. Добра Земја е член на Мрежата на социјални претпријатија на Македонија.

ЛОКАЦИЈА

Back to Top
Shopping Cart
Close

No products in the basket.

Подесување на приватноста

Оваа страна користи веб колачиња "Cookies" со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство. Со користењето на нашиот веб сајт вие се согласувате со користењето на „Cookies“.