СТАНИ ЧЛЕН И ЗАШТЕДИ ДО 30% СО
НЕДЕЛНАТА ОРГАНСКА КОШНИЧКА!

Со станување член се приклучувате кон моделот на органска кошничка составена од локални и сезонски производи. Со тоа добивате:
– пристап кон членски цени кои се до 30% пониски од редовните
– приоритет на сите производи од понудата
– пристап кон производи кои не се достапни за слободна продажба
– можност за директен контакт и посета на производителите

Истовремено, учествувате во одржлив и социјално одговорен модел на прехрана каде:
– го поддржувате развојот на локалното органско производство и локалната заедница
– помагате во одржлив начин на одгледување храна кој не ги загадува почвата, водата и воздухот и заштита на биодиверзитетот

Типови на кошнички

01

Стандардна кошничка

Наменета за потребите на едно семејство за една недела, без можност за замена на производ.  Цената на кошничката изнесува 700 денари. Стандардната кошничка  вклучува:

  • до 10 сезонски производи
  • членски цени (-30%) на производи во кошничката
  • членски цени (-30%) за дополнителни производи
  • приоритет на производи
  • избор меѓу 2 типа на кошничкa
  • пристап до ексклузивни производи за членови
  • можност за посета на производители
  • можност за достава до дома
  • можност за учество во работата на Добра Земја

03

Флексибилна кошничка

Наменета за оние кои сакаат да станат членови без обврска на редовно нарачување неделни кошнички, но со минимална нарачка од 1000 денари. Флексибилната органска кошничка вклучува:

  • приоритет на производи
  • пристап до ексклузивни производи за членови
  • регуларни (нечленски) цени
  • сопствен избор на производи во кошничка
  • можност за посета на производители
  • можност за достава до дома
  • можност за учество во работата на Добра Земја

Цени и плаќање

Годишната членарина изнесува 2000 денари и важи од датумот на уплата до истиот датум следната година.

“Кошничките” се всушност реупотребени гајби кои ги ротираме. Ве молиме вратете ја претходната гајбичка при следната достава.

Се стремиме кон нула отпад политика: користиме хартиени кеси, ја реупотребуваме и рециклираме амбалажата која ја користиме.

Back to Top
Подесување на приватноста

Оваа страна користи веб колачиња "Cookies" со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство. Со користењето на нашиот веб сајт вие се согласувате со користењето на „Cookies“.

Added to cart