
Вегетаријанската мусака е лесен ручек идеален за летните денови, а богат со хранливи состојки. Ќе ви бидат потребни вкупно околу 40 мин. за подготовка.
Состојки:
- 1 голема главица органски стар кромид или 2 x млад кромид
- 1 пакување органска веган бургер смеса – Green Food / 300 гр.
- 2 големи тиквици
- 2 средни органски моркови
- 200 грама печурки
- 2 селски јајца
- зачини: сол, бибер, шафран

Подготовка:
Кромидот се сецка и се пропржува на малку масло. Морковот се ренда и се додава да се пропржи со кромидот, а потоа се додаваат печурките со малку сол, бибер и шафран. На крај, се додава 1 тегла органската бургер смеса и се пропржува заедно со зеленчуците, при што се растура на грутки со дрвена лажица.
Во меѓувреме, се сецкаат тиквиците на кругови и се редат во сад за печење (препорачуваме огноотпорен стаклен сад). На нив подеднакво се распределува смесата, а потоа таа се покрива со уште еден слој кругови од тиквици.

Во помал сад со половина шолја млака вода се матат двете јајца со додатни зачини по избор (не е неопходно, бидејќи самата веганска смеса е доволно зачинета и има богат вкус). Изматените јајца се прелеваат врз целата мусака.
Мусаката се пече на претходно загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути.
На здравје! 🙂